дена од датумот на фактурата (што е обично на крајот на календарскиот месец ) или , ако е тој ден државен празник, следниот ден кога се банките вообичаено отворени во јурисдикција на Клиентот . 5.3 Фактурирањето на Трошоците за Услугите може да биде координирано од страна на компанијата Scania за да се избалансираат ефектите кај активирање и истекување, на пример, така што не се фактурираат Трошоците за целиот месец на кој му припаѓа датумот на активирање на некои услуги спроти наплата на Трошоците за целиот месец на кој му припаѓа датумот на истекување на истите Услуги . 5.4 Клиентот потврдува дека електронското фактурирање (вклучувајќи но не ограничувајќи се на PDF фактури и е - фактури ) во секоја смисла ќе се смета за задоволителен формат кој е важечки за плаќања во врска со Услугите или нешто друго според Договорот . 5.5 Доколку во текот на кој било календарски месец Услугата не била достапна подолго од четириесет и осум (48) часа ( од кои најмалку 24 часа во континуитет ) од причини кои можат да ѝ се припишат на компанијата Scania, ќе се наплатат 1/30 месечни Трошоци за секој ден кога пристапот кон таа Услуга бил возможен . 5.6 Во случај на задоцнето плаќање и откако компанијата Scania испратила известување за тоа, пресметаните и останати Трошоци за сите Претплати регистрирани на Клиентот ќе се сметаат за моментално доспеани . 5.7 Користењето на Услугите на начин кој не е предвиден со Договорот на Клиентот ќе му бидат наплатени во согласност со важечкиот Ценовник, или во отсуство на важечкиот Ценовник, или според пазарните услови . 5.8 Компанијата Scania има право еднострано да го промени важечкиот Ценовник кој ќе почне да важи дваесет (20) дена откако претходно му најавила на Клиентот . Ta квата најава ќе биде испратена по електронска или редовна пошта, доколку не му е лично предадена на Клиентот . 5.9 Доколку зголемувањето а цената е поголемо од седум запирка пет (7,5) проценти , Клиентот може да го раскине Договорот по писмен пат со почитување на отказниот рок од четиринаесет (14) дена . Доколку е известувањето за раскинувањето на договорот прописно упатено и компанијата Scania не тврди ништо спротивно на тоа, Договорот ќе биде раскинат на денот кога изменетите трошоци инаку би влегле во сила. Од друга страна, доколку компанијата Scania не добие известување за раскинување на договорот на време, ќе се смета дека Клиентот ги одобрил изменетите Трошоци . 5.10 Во случај на задоцнето или неуспешно плаќање , Scania стекнува право на надомест за потсетниците за плаќање, трошоците за директна и индиректна наплата на долгувања и затезни камати во согласност со законите применливи на Договорот . Scania тогаш ќе стекне право веднаш да прекине со давање на Услугите се додека во целост не ја прими таа уплата или додека не дојде до раскинување на Договорот. Клиентот нема право на намалување на какви било Трошоци за време на периодот на прекин . 5.11 Во случај плаќањето да доцни повеќе од десет (10) работни дена , Scania има право веднаш да прекине со давање на Услугите и да го раскине Договорот во согласност со одредбите кои се тука наведени. Во тој случај, обврската на Клиентот да ги плати Трошоците кон Договорот продолжува да важи и во текот на отказниот рок . 6. Te лематика и останата Опрема 6.1 Претплатата и услугите ќе се користат исклучиво заедно со неопходната Опрема која е горе дефинирана. Клиентот мора на свој трошок да ја набави и одржува таквата Опрема ( како дел од Scania производи или друга опрема која Клиентот ја набавил кај компанијата Scania, или која Клиентот независно ја набавил или за која е лиценциран ). 6.2 За Услугите кои ги вклучува Производот чиј производител не е Scania и кој не е опремен со Scania комуникатор , како што е тоа потребно поради обезбедување на Услуги, таквиот комуникатор мора да биде поврзан со Производот преку подготвениот мрежан премин на системот за управување со возен парк кој го обезбедил производителот на Производот . Во спротивно, функционалноста и квалитетот на Услугите може да бидат намалени, па дури и загрозени. Применливоста на оваа одредба на одредена Услуга дефинирана е во релевантниот Опис на услуги . 6.3 SIM картички ( доколку се користат ) ќе се користат исклучиво за поврзување на Мрежата оператори . 6.4 Во случај на неовластено влијание врз работата на Опремата или Производите, или повреда на правата на интелектуална сопственост на која било компанија од Scania Група, поврзано со нив, Клиентот ќе ја исклучи таквата опрема од процесот веднаш по приемот на барањето тоа да го направи . 6.5 Компанијата Scania има право да ги надогради Услугите или Опремата кои ги обезбедува, или да изврши измени во нив. Клиентот колку што е возможно порано може да биде однапред известен за претстојните надградби или измени . 6.6 Компанијата Scania или нејзините добавувачи ќе добијат пристап до Производите или до релевантанта опрема, во време на инсталирање на Опремата или за други мерки кои компанијата Scania ќе ги смета за неопходни, за да подготви Претплата и Услуги за инсталирање, користење или деактивирање . 6.7 Компанијата Scania доделува броеви на претплатниците или други видови на идентификација за поврзување на Мрежата оператори . Компанијата Scania во секој момент може да ја промени таквата идентификација доколку е неопходно поради технички или оперативни причини или поради одржување . 6.8 Строго се забранува неовластена измена или отстранување, или обид тоа да се направи, на комуникаторот на Производите, останатата телематска опрема или (каде што е тоа применливо ) со соодветни SIM картички . 7. Достапност на Услугите и одржување на Опремата, итн. 7.1 Деталните информации за достапноста на Услугите, одржување на системот и корисничка поддршка во врска со Услугите, Интерфејсите и Опремата наведени се во релевантните Описи на услугите . 7.2 Доколку дојде до неисправност во Услугите , компанијата Scania ќе ги отстрани во разумен временски рок откако ќе прими известување од
Download PDF file