1.22 „ Scania Груп a ” ги означува сите друштва кои се дел од глобалната корпоративна група Scania CV AB, како што е дефинирано со важечките закони на Шведска . 1.23 „ Друштво во состав на Scania Група ” означува друштво во рамките на Scania Група . 1.24 „ Член на Scania мрежа ” означува друштво во рамките на Scania CV AB овластен дистрибутивен систем . 1.25 „ Услуга / Услуги ” o значува различни видови на управување со возниот парк, тахограф, обука на возачи, подучување на возачи и други услуги водени со податоците со кои управува Scania Група преку кој било Интерфејс, без оглед дали се нарачани одделно или како дел од Производот, при што овие услуги што му се даваат на Клиентот се поблиску дефинирани во соодветните Описи на услугите или посебните аранжмани помеѓу договорните страни . 1.26 „ O пис(и ) на услуга/и ” o значува во одреден момент важечки опис(и) на обемот и содржината, како и достапност на релевантните Услуги/Услуга . 1.27 „ Софтвер ” ги означува потребните компјутерски програми, соодветната шифра на Производот или друг софтвер што ги исполнува системските барања , а кои се пропишани во Општите услови, во кој било друг дел од Договорот или Описот на услуги, или кои се на друг начин одобрени од страна на компанијата Scania во согласност со вообичаената процедура и за употреба во врска со Хардверот, Интерфејсите, односно Услугите . 1.28 „ Стандардни договорни одредби ” o значува важечки одредби согласно одлуката на Комисијата на ЕУ 2004/915/E К за пренос на Лични податоци во трети земји, а кои се објавени на https://eur-lex.europa.eu. 1.29 „ Претплат a ” o значува претплата на една или на повеќе Услуги . 1.30 „ Надзорен орган ” o значува независен јавен орган основан од Земја членка на ЕУ согласно чл . 51 од GDPR. 1.31 „ Корисник ” o значува физичко лице или поединец, кое е воедно и Клиент, или кое е наведено како „Корисник“ во Договорот, или кое Клиентот посебно го овластил да користи Производ(и), да се поврзе на Интерфејси или да користи Производи преку нив, или да користи која било Услуга . 1.32 „ Возил o ” o значува возило опфатено со една Претплата на Услугите или повеќе нив согласно со текстот на основниот договор (кој повремено се ажурира во согласност со Општите услови ). 2. Договор 2.1 Право на користење на Интерфејс, Претплати на Услуги и нивно обезбедување од страна на компанијата Scania ќе биде регулирано исклучиво со Договор и Опис на услуги, заедно со сите одредени прилагодувања или инструкции за Клиентот потврдени според вообичаените практики на компанијата Scania. 2.2 O вие Општи услови, како и кои било посебни услови договорени за потребите на Услуги, претставуваат составен дел на Договорот . 2.3 Во случај на противречна содржина , предност имаат условите и одредбите на основниот образец за претплата над останатите посебни услови и одредби, а кои ќе имаат предност во однос на овие Општи услови . 2.4 Клиентот ќе потпише Договор, вклучувајќи референца на спецификација за Претплати, Опис(и) на услуги, на овие Општи услови и на сите дополнителни услуги кои ќе бидат опфатени со Договорот . 2.5 Клиентот секогаш ќе води сметка секој Корисник да ги почитува сите делови на Договорот и да постапува во согласност со нив согласно нивната применливост и повремените дополнувања . 2.6 Компанијата Scania веднаш ќе извести за какви било измени на податоците за Клиентот кои ѝ се дадени на компанијата Scania. 3. Предуслови За да стапи Договорот во сила , мора да се исполнат следниве услови : a) дополнително го потпишал и Клиентот, ако на почетокот го потпишал само Корисникот ; b) по проценката на кредитната способност која компанијата Scania ја извршила во согласност со Договорот, Клиентот е прифатен како кредитно способен, под услов Клиентот да се пријавил за Услугите кои ќе бидат платени и компанијата Scania експлицитно да не го отфрлила овој услов; и c) не постои некој друг повод ( во текот на релевантните проверки во процесот на запознавање на клиентот или проценка на кредитната способност или нешто друго во врска со склучување на Договорот ) поради кој компанијата Scania се сомнева дека способноста на Клиентот да ги исполни обврските кон Договорот би била намалена, или смета дека би била спречена да ги проолжи деловните односи со Клиентот . 3.2 Додека наведените услови не се целосно исполнети, компанијата Scania има право да го одложи активирањето на Услугите или да го ограничи користењето на Услугите на одредена територија или одредено количество податоци . Согласно тоа, активирањето на Услугите за Клиентот во никоја мера нема да биде протолкувано како одрекување на компанијата Scania за кои било предуслови . 4. Полномошно 4.1 Корисникот има право да постапува и да презема мерки во име на Клиентот во однос на Претплата и Услуги, освен доколку компанијата Scania не бара експлицитно одобрение од Клиентот . 5. Плаќањ e 5.1 За времетраењето на Договорот, Клиентот има обврска да ги плати ( каде што е тоа применливо ) сите Торшоци з a Претплата и Услуги, според Ценовникот или по цени кои се посебно договорени. Плаќањето се врши врз основа на фактура, месечно однапред и во евра, освен доколку не е поинаку договорени. Компанијата Scania има право да пресмета надомест за фактурирање. Клиентот веднаш ќе ја извести компанијата Scania доколку фактурата не е точна . 5.2 O свен ако не е поинаку договорено писмено, плаќањето ќе биде извршено најдоцна дваесет (20)
Download PDF file