Клиентот. Со оглед на тоа дека работата на Услугите се заснова на врска со интернет, како и на комуникацијата преку Мрежата оператори, прекинот или доцнењата на врската не претставуваат неисправност кон Договорот, така да нема да доведат до одговорост на компанијата Scania. 7.3 Во случај да дојде до попречување на исполнувањето, до злоупотреба или повреда на обврските на Клиентот кон Договорот од страна на Корисникот , компанијата Scania може да го блокира таквиот Корисник (откако ќе добие дозвола од релевантните органи, таму каде што е тоа потребно ) така да тој не може да пристапи кон интерфејсите, системите и Услугите на компанијата Scania, за да се спречат понатамошни неправилности . 8. Проблеми со Te хниката , O премата или Мрежата 8.1 Компанијата Scania не презема одговорност за оперативните проблеми како што се прекин на Мрежата на операторот, дури и ако до таквите проблеми дошло поради мерките кои ги применуваат компанијата Scania или Операторот . 8.2 Компанијата Scania има право да ја провери Опремата, доколку поради некоја причина верува дека Опремата предизвикала прекини во Мрежата на операторот или е поврзана спротивно на Договорот . 9. Гаранци ja 9.1 O премата поставена како составен дел на Scania производите подлежи на условите на гаранција на Клиентовиот договор за купување на тие Производи кај компанијата Scania ( како што е наведено во Општите услови за испорака и гаранции на компанијата Scania или на некое друго место ), при што условите на гаранцијата за Опремата која кај компанијата Scania е набавена како резервен дел или за ремонт покриени со договорите за поединечни делови . 10. Користење на претплати и Услуги 10.1 O свен ако не е поинаку договорено по писмен пат или тука пропишано, Клиентот може да користи Претплата и Услуги исклучиво за целите предвидени со Договорот и не смее да ги дава во поддоговор, подзакуп, ниту пак на кој било друг начин да ги пренесува правата кои ги има кон Договорот . 10.2 Клиентот има право на свое барање да ја промени формата на Претплата, под услов да се достапни и останатите форми . Ta квата промена ќе влезе во сила откако компанијата Scania ќе го потврди тоа барање . Промените се формулираат во согласност со вообичаените практики кои компанијата Scania повремено ги применува и подлежат на Трошоците според Ценовникот, или доколку не постои Ценовник, по условите кои владеат на пазарот . 10.3 Клиентот редовно ќе биде во контакт со Интерфејсите и ќе се информира за измените на нив или во Услугите. Известувањата на компанијата Scania кои се однесуваат на Претплатата или Услугите на Клиентот директно му се испраќаат по електронска или редовна пошта , или достани се преку Интерфејс . 10.4 Клиентот сноси целосна одговорност за сите податоци и информации кои Клиентот ги пренесува или презема преку Интерфејс, Претплати или Услуги, или ги складира и чува во рамките на нив, или кои ги дознал преку Хардвер или Софтвер . 10.5 Клиентот ќе го ограничи неовластениот пристап на поврзаните мрежи или компјутерски ресурси преку Интерфејс, без оглед на тоа дали тие ѝ припаѓаат на компанијата Scania или на други страни, и нема да има право без одобрение да пристапи до информациите од наведените извори, да ги уништи, погрешно интерпретира, проследи или пренесе. Клиентот ќе обезбеди ID на корисникот, лозинките и другите податоци за пристап да не бидат обелоденети на неовластени лица . 10.6 Клиентот при користење на Претплати или Услуги ќе ги почитува државните закони, прописи и правила, како и инструкции кои компанијата Scania повремено ги овозможува, како и општоприфатените етички и морални вредности. Клиентот не смее да ги користи Претплатата и Услугите на кој било начин кој доведува до непријатност или штета за компанијата Scania или за некоја друга страна . 10.7 Клиентот е одговорен за сите дејствија или повреди на Договорот во врска со тоа, од страна на лицата кои Клиентот ги овластил за користење на Претплати или Услуги . Компанијата Scania ќе биде веднаш известена за таквите инциденти . 10.8 Клиентот во целост ќе ѝ ги надомести трошоците на компанијата Scania во случај на тужба против компанијата Scania поднесена поради непрописно користење на Претплатите или Услугите . Клиентот има обврска и да ја плати штетата создадена поради користење на Услугите спротивно на Договорот и да ѝ ги надомести трошоците на компанијата Scania или на трети страни за штетата која ја предизвикал Клиентот, односно за која е одговорен Клиентот . 10.9 Компанијата Scania има право без претходна најава на Клиентот, да ги смени Претплатата или Услугите, освен ако таквата промена не би имала значително влијание на пристапот на Претплатата или содржината на Услугите . 11. Преместување, пренос, поддоговарачи, итн . 11.1 Клиентот не смее да ги пренесе или додели Договорот или Претплатата, било во целост или делумно, на ниту едно трето лице без претходно писмено одобрение од страна на компанијата Scania. 11.2 Компанијата Scania има право да ги пренесе Претплатата или своите права по Договорот на која било друга страна без одобрение на Клиентот . Компанијата Scania исто така може да ангажира поддоговарачи, агенти и други деловни партнери по свој избор за потребите овозможување на Услуги во кој случај компанијата Scania ќе биде одговорна за исполнување на какви било обврски по Договорот . 12. Период на важење и раскинување на Договорот 12.1 Договорот влегува во сила на денот на потпишување од страна на компанијата Scania и Клиентот (o дносно, на датумот на последниот потпис, доколку страните не потпишале истовремено), а потоа останува во сила за време на фиксниот период кој е дефиниран во текстот на основниот договор . Me ѓутоа , Договорот истекува на последниот ден од неговиот период на важење, исклучиво под услов известувањето за тоа едната страна да го примила од другата најмалку три (3) месеци однапред , a во случај таквото известување да не е испратено, Договорот ќе продолжи да се применува до понатаму при што за двете страни важи отказниот рок од три (3) месеци .
Download PDF file