O пшти услови за претплата н a Scania услугите за управување со податоци O вие општи услови се применуваат на претплати на Scania услугите за управување со податоци преку Scania интерфејс . 1. Дефиниции 1.1 „Договор” означува валиден договор за претплата на Услуга склучен помеѓу компанијата Scania и Клиентот , вклучувајќи ги овие Општи услови, како и прилози на договорот . 1.2 „ Tрошоци ” o значува надоместоци кои (по потреба) ги наплатува компанијата Scania за Услугите и администрација во врска со нив . 1.3 „ Контролор ” и „Заеднички контролори” o значува едно или повеќе лица кои ги одредуваат целта и начинот на обработка на личните податоци, како што е поблиску дефинирано во чл . 4(7) и чл . 26 од GDPR. 1.4 „Клиент” o значува физичко или правно лице кое има Претплата на Услугите . 1.5 „ Податоци на клиентот ” ги означува сите и кои било податоци кои се однесуваат на самиот Клиент во својство на примач на Услугите како и на Личните податоци и Оперативните податоци , освен податоците кои компанијата Scania ги креирала или генерирала сама за потребите на формализација на Договорот со Клиентот . 1.6 „Субјект на лични податоци ” го означува самиот Клиент,ако и под услов Клиентот да е физичко лице, како и други лица кои се идентификувани или можат да се идентификуваат како физички лица, а за кои е одговорен Клиентот или оние кои се преку Клиентот поврзани со Услугите ( вклучувајќи, но не ограничувајќи се на правни застапници, возачи, изведувачи и други вработени ). 1.7 „ O прем a ” означува Хардвер и Софтвер . 1.8 „ GDPR ” o значува Уредба (E У ) 2016/679 на Европскиот Парламент и Совет од 27 април 2016 година за заштита на физички лица од обработка на лични податоци и слободно движење на тие податоци и за ставање вон сила на Директивате 95/46/E У . 1.9 „ O пшти услови ” ги означува општите услови за претплата на Услугите . 1.10 „ Хардвер ” ги означува потребните комопјутери и останатата опрема која ги задоволува системските барања, а кои се пропишани во Општите услови, во кој било друг дел на Договорот или Описот на услугите, или која е на друг начин одобрена од страна на компанијата Scania во согласност со вообичаената процедура и за употреба во врска со Интерфејсите, односно Услугите . 1.11 „ Интерфејси ” ги означува сите релевантни интерфејси за поврзување на Scania Управување со возниот парк или со други системи преку кои се овозможуваат Услугите , како што се Scania порталот за управување со возниот парк и Scania порталот за тахографи , мобилни апликации , Scania комуникатори или други безжична комуникација или сличен интерфејс . 1.12 „ O ператор ” ги означува давателите на сите комуникациски услуги со кои соработува компанијата Scania при нудење на Претплата на Клиентите . 1.13 „ O перативни податоци ” ги означува податоците кои се генерираат во, низ или од Производите во текот или во врска со извршувањето на Услуги на Клиентот. Оперативните податоци од на пр. Возила можат за потребите на Договорот исто така да се сметаат за Лични податоци , поради достапноста преку тахографот на Возилата на информации кои се однесуваат на идентитет на поединците кои ги генерирале тие податоци при управувањето со Возилата . 1.14 „ M режа на оператори ” означува комуникациска мрежа на Операторот, која компанијата Scania и Клиентот ја користат за комуникација помеѓу еден или повеќе Производи и Scania серверот преку Интерфејс . 1.15 „ Стран a ” ги означува поединечно компанијата Scania или Клиентот . 1.16 „ Лични податоци ” се означуваат сите информации кои се однесуваат на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични податоци). Физичко лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на идентификатор како што се име и презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, идентификатор преку физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет на тоа физичко лице. Лични податоци може да вклучуваат но не се ограничени на податоци кои директно се однесуваат субјектот на личмни податоци , односно имиња, лични идентификациски броеви, броеви на картички на возачот и податоци за контакт , или податоци кои можат индиректно да му се припишат на субјектот на личните податоци . Заради јасност, Оперативните податоци, како и другите Податоци за клиентот, исто така може да претставуваат Лични податоци, под услов да не е извршена нивна анонимизација (да не е трајно отстранета индиректната врска со поединецот ). 1.17 „ Ценовник ” o значува листа со моментално важечки релевантни Трошоци кои ги одредува компанијата Scania во врска со Претплатата и Услугите . 1.18 „ Политика на приватност ” o значува изјава за приватност на Scania Група , која е објавена на www.scania.com и на националните страници, на кои се наоѓаат и обрасците за контакт за прашања и коментари во врска со обработката на личните податоци во рамките на Scania Група . 1.19 „ Производ ” o значува Возило, мотор, конструкција, компонента или друг производ кој е опфатен со една или со повеќе Претплати на Услугите во согласност со текстот на основниот договор (кој повремено се ажурира во согласност со овие Општи услови ). 1.20 „ Scania ” o значува друштво во состав на Scania Група или член на Scania мрежата со која Клиентот потпишал Договор . 1.21 „ Scania CV AB ” o значува виртуелно матично друштво на Scania Група , основано во Шведска .
Download PDF file