производите од Купувачот се сметаат за барање за купување на Производи или Услуги според Условите утврдени овде. 4. Компанијата нема обврска да прифати каква било нарачка доставена од Купувачот. 5. Компанијата го задржува правото да ги менува цените и / или времето на испорака пред да ја прифати нарачката. 6. Нарачката, поднесена од Купувачот и потврдена од Компанијата, не може да се откаже од Купувачот, освен ако овластениот потписник на Компанијата не се согласи, под услов да е во целосно дискреционо овластување на Компанијата, под услов Купувачот да ја надомести целата штета (вклучувајќи трошоци за работна сила и користени материјали) и такси/трошоци и издатоци настанати поради откажување на нарачката. МЕСТО И ОБЕМ НА ИСПОРАКА 7. Производите се испорачуваат по паритет на DAP , освен ако не е договорено поинаку помеѓу Компанијата и Купувачот. 8. Сите услови за трговија наведени во некоја понуда, договор или во овие Општи услови се толкуваат во согласност со Меѓународните правила за толкување на трговските услови ( ICC Incoterms ) кои имаат приоритет во моментот на испраќање на понудата . 9. Обврските на Компанијата во сите погледи се ограничени единствено на обврските прифатени од Компанијата во писмена форма. Доколку има пр o тивречни одредби во кој било договор, понуда или програма, нивната важност се рангира според редоследот по кој овие документи се наведени во оваа реченица. 10. Компанијата го задржува правото, без претходна најава, да изврши измени и модификации во дизајнот кои Компанијата може да ги смета за соодветни. Ваквите измени и модификации не влијаат на важноста на кој било договор и не претставуваат основа за какво било жалбено барање на товар на Компанијата . 2
Download PDF file