Page number 1
ОПШТИ УСЛОВИ НА ИСПОРАКА И ГАРАНЦИИ Овие Општи услови за испорака и гаранции (понатаму во текстот како „Општи услови“), кои ги издава компанијата Scania Makedonija dooel (понатаму во текстот како „Компанијата“) се применуваат за сите понуди кои се доставуваат до Компанијата и за сите договори за продажба и испорака кои Компанијата ги склучува со секое лице кое купува возила, компоненти, оригинални делови, заменски единици за сервисирање и дополнителна опрема или е заинтересирано да ги купи (понатаму во текстот како „Производите“) директно од Компанијата (таквите купувачи понатаму во текстот се нарекуваат „Купувач“ поединечно и „Купувачи“ заедно) и го уредуваат горенаведеното. Овие општи услови може да се применуваат за понуди или нарачки за Производи, каде што се вклучени лица коишто не се Компанијата и Купувачите, но само ако недвосмислено се согласиле на тоа во релевантната понуда или во документите од договорот. Во таквите случаи, со зборот „Компанијата“ во овој документ ќе се мисли на лицето кое нуди или продава, при што Компанијата нема никакви обврски спрема тоа лице, освен ако самата компанија не потврди поинаку во пишана форма. ПОНУДИ Сите предлози, цртежи и документи кои се издадени или се користат во врска со понуди и договори, се исклучиво во сопственост на Компанијата и не смеат да се користат или обелоденуваат на трети лица без писмена согласност од Компанијата. Димензиите, тежините, цртежите, репродукциите и количините за испорака служат само како општи насоки и не смее да се сметаат како обврзувачки до детал. Сите технички податоци се наведени во метрички единици. За договорот да биде обврзувачки, Компанијата мора да добие акцепт за понудата што таа ја поднела во рок од 21 ден по испраќањето или обновувањето (според примената) на понудата. 1. Ниту една нарачка направена од Купувачот не се смета како потврдена додека не ја потврди овластен потписник на Компанијата во писмена форма. Секоја нарачка или потврден прием на спецификации за производот испратени од Купувачот, се смета како барање за купување на Производ или Услуга според условите наведени овде. 2. Компанијата не е обврзана да ја прифати која било нарачка што ја доставува Купувачот. Нарачките за НОВИ ВОЗИЛА се обврзувачки за Компанијата само при продажба на проверени крајни Купувачи, за нивната сопствена употреба во рамките на нивното редовно вршење дејности (може да ги испраќаат преку законски и претходно овластени застапници), при што застапниците треба да поседуваат такви гаранции за кои Компанијата има право да ги провери во разумен рок. Секоја нарачка за нови возила, која ја прави неовластен препродавач (трговец) е неважечка и ако Купувачот создаде впечаток или покаже намера да стане препродавач (трговец), Компанијата може веднаш да ја одбие таквата нарачка и да побара надоместок за сите настанати административни трошоци, без оглед на тоа дали Купувачот веќе го примил возилото или не. Компанијата го задржува правото на измени на цената и/или роковите на испорака пред прифаќањето на нарачката. Нарачката што Купувачот ја поднесува и која Компанијата ја потврдила, не може да се откаже, освен ако на тоа се согласи овластениот потписник на Компанијата, при што тоа е во целосна дискреција на Компанијата, под услов Купувачот да ја надокнади сета штета во целосен износ (вклучувајќи ги и трошоците за трудот и употребениот материјал) и давачките/надоместоците и трошоците што настанале поради откажувањето на нарачката. МЕСТО И ОБЕМ НА ИСПОРАКА 3. Производите се доставуваат според паритетот DAP, освен ако не е договорено поинаку меѓу Компанијата и Купувачот. 4. Сите услови на трговија наведени во некоја понуда, договор или во овие општи услови, се толкуваат во согласност со меѓународните правила за толкување на трговските термини (ICC Incoterms), тие што имаат предност во моментот на праќање на понудата. Обврските на компанијата се ограничени во сите аспекти само на обврските кои компанијата ги прифатила во писмена форма. Ако во кој било договор, понуда или програма постојат спротивставени одредби, нивната важност се рангира според редоследот во којшто документите се наведени во оваа реченица. Компанијата го задржува правото да врши измени и модификации на дизајнот, коишто Компанијата може ги смета за соодветни, без претходно известување за тоа. Таквите измени и модификации немаат влијание врз ниту еден од договорите и не претставуваат основа за ниту една поплака на терет на Компанијата. ВРЕМЕ НА ИСПОРАКА 5. Времето на испорака започнува од моментот на составување на договорот меѓу Купувачот и Компанијата, кога до Компанијата ќе стигне комплетната спецификација за изведбата и кога Компанијата ќе прими капар, акредитиви, лиценци или дозволи наведени во став 19 од овие услови. 6. Ако поради виша сила испораката биде попречена, спречена или одложена, Компанијата се ослободува од секаква одговорност и го задржува правото да ја одложи испораката до рок со којшто се пречекорува рокот договорен во договорот во мера во која тоа е оправдано според околностите - ако траење на околностите кои ја сочинуваат вишата сила бидат подолги од три месеци - или потполно или делумно да го раскине договорот без барање за согласност од судот. Одложувањето на испораката на несуштинските делови или компоненти не се зема предвид при пресметката на рокот во којшто испораката може да биде извршена. За околности кои сочинуваат виша сила се сметаат работните спорови и сите други тешкотии при ангажирањето работна сила, блокадите, војната, политичката нестабилност, подготовката за одбрана на државата, сообраќајните проблеми, национализацијата, недобивањето дозволи за извоз, пожарите, природните причини, недостигот од материјали или енергија, недостатокот или доцнењето на бродот или другото превозно средство, оштетувањето на машините или други проблеми во производството, немањето можности за производство кои не можеле разумно да се предвидат, неадекватното раководење, непотполните или одложените испораки од добавувачите на компонентите, полузавршените производи, суровините, енергијата итн. и општите околности од која било природа кои се надвор од контролата на Компанијата и кои на кој било начин влијаат врз способноста на 7. Компанијата да ги исполни свои обврски во поглед на испораката. 8. Ако Купувачот навремено не ги исполни условите кои е должен да ги исполни или ако на каков било начин го одложи извршувањето, на пример, поради измена на нарачката, Компанијата има право да го продолжи времето на испорака или да го раскине договорот без да бара согласност за тоа од судот. 9. Дозволена е делумна испорака. 10. Купувачот е должен да го преземе Производот најдоцна 10 дена од рокот на испорака, дефиниран во писменото соопштение, освен ако овластениот потписник не потврди поинаку. ЦЕНИ И УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ 11. Освен ако не биде договорено поинаку, цените се наведени согласно паритетот Франко на седиштето на Компанијата и не е опфатено пакувањето. 12. Исплатите се вршат во валутата што ќе ја утврди Компанијата. Освен ако не е договорено поинаку со Компанијата, при нарачувањето Купувачот истовремено отвора неотповиклива банкарска гаранција кај банка која може Компанијата да ја одреди, го уплаќа целосниот или делумниот износ за стоката, или пак уплаќа капар којшто Компанијата го одредува како процент од вкупната цена. Ако не е поинаку пропишано, побарувањата доспеваат со потврдата на Компанијата дека производите се подготвени за испорака. 13. Побарувањата исто така предвидуваат пропорционални исплати врз основа на потврдата за стоката на производот во случај на делумна испорака. 14. Во случај да е потребно е купувачот да има важечка лиценца или дозвола за увоз и/или плаќање на порачани производи, Купувачот ѝ доставува на Компанијата во моментот на нарачување примери за такви лиценци или дозвола и истите мора да се со важност за договорениот рок на испорака. 15. Малите отстапувања од датумот на испорака не претставуваат причина за задржување на исплатата или кој било
