верзија : 2024 пумпи за масло , менувач ладење , PTO, забавувач , вграден конвертор на вртежен момент , погонска осовина , предни и задни оски , куќишта на оските , запчаници на оската , брави на диференцијали , глави на предните и задните тркала со лежишта , систем за палење ( за мотори со Otto-cycle) и приклучоци за жици мотор , Резервоар за гас LNG и CNG. n. Дополнителен надомест ок е позитивен или негативен вишок на надоместок от дефиниран во Образецот на г лавниот договор , кој дополнителен надомест ок се применува за одредено возило ( а ) доколку е потребно . o. Исклучоци се исклучоците наведени во член 4 од овие Општи услови , како и сите други исклучоци кои се однесуваат на Дополнителните услуги во согласност со условите што Scania одделно ги доставува до Купувачот . p. Флексибилно одржување е одржување на возилото кое не е периодично како што е наведено во планот или распоредот за Возилото во моментот на испорака на возилото , туку содржината ( во смисла на потребните мерки за одржување заедно со интервали и време ) наместо тоа динамично се развива со текот на времето во зависност од преовладувањето и потенцијално менување на работните услови за возилото . q. Рамковен договор е варијанта на О бразецот на главниот договор кој вклучува едно или повеќе возила . Тоа /тие В озило /а с е навед ува/ат во Образецот на главен договор според бројот на шасијата , бројот на нарачка на возилото , бројот на возилото и датумот на испорака . Бројот на шасијата на овие возила е доделен од Scania со издавање на писмо за активирање на Купувачот . r. ГДПР е Општата регулатива за заштита на податоците ( ЕУ ) 2016/679 на Европската Унија . s. Општи услови се овие општи правила и услови за Scania Services 360. t. Географска покриеност е дефиниција за физичките локации каде што треба да се обезбедат Услугите ( доколку не се работи за давање на Услуги на далечина ). u. Домашна работилница е работилницата на Scania наведена во Образецот на главниот договор или во соодветното писмо за активирање . v. Лизинг е Договорот за лизинг склучен помеѓу Купувачот и Друштвото за лизинг , според кој Возилото е во сопственост на Друштвото за лизинг , но Купувачот го користи во согласност со важечките прописи и склучениот договор за лизинг . w. Лизинг компанија е правно лице одобрен о од Scania со потпишување на Образецот на главен договор , ко е е овластено да дава услуги за лизинг и е означен о како так во во Образецот за главниот договор и го потпишува истиотото како давателот на лизинг на Купувачот . x. Образецот на главниот договор е главниот документ за услугите Scania Services 360 потпишан од договорните страни , а кон кој се прикачени овие Општи услови , кои исто така му беа доставени на Купувачот на друг соодветен начин , на пример со објавување на веб - страницата на Scania. y. Одржување е одржување на возилото според неговата индивидуализирана програма за планираното одржување . z. Ма x 24 е дополнителна програма на услугите Scania Services 360 специјално дефинирани од Scania. aa. Минимална стапка на користење е процентот на годишна километража како што е наведено во Образецот н а главен договор . bb. Ново возило е возило чија вкупна помината километража на мерачот на километражата на возилото не надминува 10.000 ( со букви : десет илјади ) километри ( km ) и кое не е постаро од 6 ( со букви : шест ) месеци од датумот на отпочнување на гаранцијата . cc. Нормално абење е истрошеноста што произлегува од употребата на возилото во нормални услови / операции во согласност со р аботните услови и карактеристики како што е наведено во Образецот на г лавниот договор . dd. Отчитување на километражата на почетокот на договорот ( км ) е вкупната помината километража според мерачот на километражата наведена во Образецот на главниот договор или во писмото за активирање за соодветното возило . ee. Корисник е трето лице наведено од Купувачот во соодветната нарачка и одобрено од Scania со потврда во писмото за активирање , со намера да управува со возилото ( а ) за или во име на Купувачот . ff. Услови за работа се условите за работа и карактеристиките наведени во Образецот на г лавниот договор .
Download PDF file